ВИДЕО | Tранс ѕвезда е највлијателната млада личност на интернет според „Форбс“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Forbes

Магазинот „Форбс“ ја вклучи транс инфлуенсерката и ЛГБТИ+ активистка Дилан Мулвејни на својата листа од 30 под 30 години во категоријата социјални мрежи (30 Under 30 Social Media) како една од највлијателните млади луѓе на интернет, пишува „Њујорк пост“.

Таа стана хит на социјалните мрежи откако го документираше процесот на промена на полот и прекинот на партнерството со пивото „Бад лајт“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Forbes

„Форбс“ оваа недела ја објави листата во која се наведува: „Со помош на номинации од јавноста, како и со новинари и судии на Форбс од сите креативни области, овогодинешната листа на Форбс за социјални мрежи 30 под 30 ги истакнува младите онлајн ѕвезди кои ја трансформираат иднината на интернет.”

Покрај Мулвејни, почестени беа и други млади креатори на содржини, меѓу кои и комичарите Алан Чикин Чау и Стивен Хи, модната инфлуенсерка Аликс Ерл и креаторката со инвалидитет Моли Бурк, која објавува содржини инспирирани од нејзината перспектива на слепа личност.

Спомнувајќи ја Малвејни на листата, Форбс рече: „Нашата Дилан Мулвејни (26) е креаторка, актерка и ЛГБТИ+ активистка која се прослави со нејзината серија ‘Days of Girlhood’, која ја документира нејзината транзиција“.

За потсетување, Мулвејни го разбесни интернетот со видеото на кое танцува во женски хулахопки „Најк“, како и со тоа што стана претставник на пивото „Бад лајт“. Таа се соочи со голем број трансфобични реакции, вклучително и мажи кои купуваат лименки пиво само за да ги уништат на „машки“ начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот