
ВИДЕО | Тиктокерка има нокти подолги од еден метар и тврди дека не ѝ пречат во секојдневието
Мараја (@nailsbyry_), популарна тиктокерка стана вирална благодарение на нејзините екстремно долги, украсени акрилни нокти, кои се подолги одеден метар и покриени со 156 украси, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Во нејзиното видео кое собра повеќе од 1,3 милиони прегледи, таа открива како функционира во секојдневниот живот и покрај нејзините необични нокти.
Мараја објаснува дека нејзините нокти се толку долги што често ја прашуваат дали се тешки и како ги извршува секојдневните задачи.
@nailsbyry_ How I do things with my super long nails #longnails ♬ original sound – Maryah
Иако на прв поглед изгледаат непрактични, таа тврди дека прстите ѝ се зацврстиле и дека е навикната на нивната тежина.
Таа се грижи за своите четири деца, меѓу кои и новороденче, и без проблем ги извршува домашните работи.
Сепак, корисниците на ТикТок забележале темна материја под нејзините нокти, што предизвика бројни коментари и прашања за нејзината хигиена. Најпрво, како ги одржува чисти по одење во тоалет.
Марија не се двоумеше да одговори на тие коментари. Таа откри дека користи биде за лична хигиена и дека нејзината сестра ѝ помага да ги одржува ноктите чисти, што го покажа во видеото во кое детално демонстрира како ги чисти ноктите со помош на специјални алатки и сапун.
Ова видео всушност стана вистински водич за сите заинтересирани за уникатниот начин на живот на Марија, покажувајќи дека е можно да се извршуваат секојдневните задачи, па дури и да се готви со такви необични нокти, пренесува „Њујорк пост“.