Фото: Принтскрин/ ТикТок

ВИДЕО | Тиктокер стана хит меѓу свингерите: Отишол на крстарење со „погрешна“ облека

Еден човек доживеал неочекувано внимание на крстарење, сè поради навидум безопасна модна комбинација.

Тиктокерот Рики ја сподели својата приказна за тоа како неговиот избор на кошула го променил текот на неговиот одмор со брод.

Како што вели тој, сè било совршено – сонцето, базенот, мирисите на храна од десет ресторани, идеалната атмосфера за релаксација. Сепак, штом седнал покрај базенот, почнал да забележува чудни погледи. Луѓето му дофрлувале коментари, а една жена дури и го зграпчи за рака додека минувала покрај него.

@prericky We didnt know what the shirt meant.. #carnivalcruise #jokes #carnival #pineapplecruise i found her tiktok @kai_b98 ♬ TRIPPIN – Sturdyyoungin & Ohthatsmizz & ZEDDY WILL

На почетокот помислил дека е само „среќен ден“, но набрзо ја сфатил вистинската причина за ненадејното внимание – носел кошула со дезен од ананас.

„Немав поим што значи таа кошула“, пишува во описот на видеото кое стана вирално. Иако неговата партнерка се забавувала со целата ситуација, Рики на крајот, како што е прикажано на видеото, се пресоблекол во бела маица.

Како ананасот станал знак на свингерите?

За неупатените, ананасот (особено наопаку) на облека, украси или пред куќата е познат како препознатлив знак кај свингерите – луѓе кои практикуваат размена на партнери или се дел од отворени врски.

Во минатото, ананасот се поврзуваше со гостопримството, луксузот и топлината на домот – особено во САД. Сепак, со текот на времето доби ново, многу поексплицитно значење, особено во интернет културата.

Денес се смета за неофицијален симбол за свингери, а најчесто се користи како дискретен сигнал за оние кои „знаат што значи“. Превртен ананас, на пример, на количка во супермаркет или како налепница на багаж, може да биде сигнал за подготвеност за „дружење“.

Во случајот на Рики, неговата „модна грешка“ го донесе во центарот на вниманието на многу специфична група луѓе, а луѓето на ТикТок не престануваат да коментираат за ситуацијата.

„Носењето кошула со ананас на крстарење е лудост“, „Имам костим за капење со ист дезен, сега морам да го фрлам“, „Тукушто дознав што значи ова“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот