
ВИДЕО | Тејлор Свифт каква што никогаш порано не сте ја виделе: На новото видео танцува во гаќички и градник
Американската пејачка Тејлор Свифт објави спот за песната „The Fate of Ophelia“, која се најде на нејзиниот нов албум „The Life of a Showgirl“. Албумот беше објавен во петок, а обожавателите можеа да го видат првиот спот во текот на викендот во филмот „Taylor Swift | The Official Release Party of a Showgirl“, кој се прикажуваше во кината. Видеото беше објавено на Јутјуб во недела.
Препорачано
Видеото за главниот сингл на албумот ја прикажува историјата на женските забавувачи, од ренесансата до модерната ера. Видеото започнува со инкарнација на ликот од трагедијата „Хамлет“ на Вилијам Шекспир – Офелија. Ја прикажува историјата на кабаре танчерките, ѝ оддава почит на легендарната Мерилин Монро и завршува со приказ на модерната женски забавувач – Тејлор за време на ерата на турнејата „The Eras Tour“.
Видеото е полно со провокативни комбинации и различни фризури што пејачката ги испроба. Еден од нејзините изгледи особено го привлече вниманието во видеото. Тејлор носеше фустан направен од јаже и имаше кратка кафеава коса, голема промена во однос на нејзините препознатливи руси прамени.
Во видеото, таа носеше и долг бел фустан, црвено трико со перика во стилот на Мерилин, и ја покажа својата витка фигура во црвен градник и гаќички со светкави детали. Во една сцена, таа имаше долга кафеава коса и танцуваше со танчери на сцената.
Новото видео на Тејлор содржи и бројни референци за нејзиниот вереник, американскиот фудбалер Тревис Келси. Во еден момент, таа фаќа топка додека пее за ветувањето „за лојалност кон својот тим“. Некои обожаватели забележаа и дека пејачката вклучила црно-бела фотографија од Келси во една сцена.
Долгоочекуваниот албум на Тејлор Свифт содржи 12 песни, а две од нив предизвикаа низа шпекулации на социјалните мрежи за тоа на кого се посветени. Една од нив е „Ruin the Friendship“, шестата песна на албумот. Обожавателите на пејачката почнаа да шпекулираат дека песната е за Блејк Лајвли, поранешната најдобра пријателка на пејачката со која таа наводно не е во добри односи откако актерката го тужеше својот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување.