Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Тамара и Тијана подготвија неверојатно изненадување за 80. роденден на нивниот татко Велко: „Те сакаме тато“

Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се неверојатно креативни кога треба да ги изненадат своите родители. Овој пат поводот беше јубилејниот 80-ти роденден на нивниот татко Велко.

Со конфети, прегратки, луксузна трпеза, добра музика и одлично друштво, пејачките навистина успеаја да го изненадат својот татко, а насмевката и радоста на неговото лице беа доказ дека тие и овој пат успеаја да направат одлична организација.

Сите најубави моменти од прославата беа срочени во видео кое Тамара го сподели на својот Инстаграм профил.

„Не постојат зборови – за нашиот единствен, татко Велко. Те сакаме тато“, стои во објавата на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Инаку, Брана е поранешна оперска пејачка, додека нивниот татко Велко е поранешен професор по контрабас. Тие не се во брак, но секогаш се сплотени и заедно во првите редови за да ги поддржат нивните ќерки.

 

ФОТО | Мајката на Тамара и Тијана го прослави 76. роденден: „Среќен роденден мама“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот