Фото: Screenshot

ВИДЕО | Страшна сцена во Алжир: Се сруши трибина, едно лице го загуби животот

Едно лице загина, а уште неколку се повредени по пад на трибина на стадионот „5 Јули“ во главниот град на Алжир откако екипата на МС Алжир ја освои титулата.

Тажната вест за смртта на навивачот ја потврди и алжирскиот клуб преку социјалните мрежи.

„Со голема тага и болка во срцето ја примивме веста за смртта на нашиот верен навивач Јунас Амгузи, кој го загуби животот по несреќата на стадионот“, се наведува во објава на клубот на социјалните мрежи.

Според извештаите на локалните медиуми, несреќата се случила откако попуштила заштитната ограда на горниот дел од трибините. Телевизијата „El Heddaf“ објави видео на кое се гледа како дел од оградата паѓа врз долниот дел од стадионот.

Поради сериозноста на инцидентот, повредените биле итно пренесени во болница, а во знак на солидарност, фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот МС Алжир веднаш заминале во болницата за да донираат крв.

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, упати сочувство до семејството на загинатиот навивач и им посака брзо закрепнување на повредените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот