Фото: Screenshot

ВИДЕО | Столе го запозна својот идол: Средбата на македонскиот голман и големиот Џиџи

Секогаш е посебно кога ќе имате прилика да ги запознаете своите идоли, а таква можност дови македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски уште на собирот во репрезентацијата се појави во дрес на Џанлуиџи Буфон кој сега е дел од стручниот штаб на Италија, а вчера имаше можност и за срдечна средба.

Пред влезот на стадионот, Димитриевски се поздрави и прегрна со Буфон кој му напиша посвета и се потпиша на дресот од Јувентус. Секако, уште поголемо задоволство за Димитриевски е што беше одличен на голот и Македонија остана непоразена одигрување 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот