
ВИДЕО | Ставете 2 состојки во казанчето и нема повеќе непријатен мирис, бигор или габи
Една јутјуберка на нејзиниот канал „Направи сам – идеи за креативци“ откри трик за чистење на казанчето без хемикалии, односно на сосема природен, но ефикасен начин. Овој трик го научила од водоинсталатер.
Препорачано
„Моето казанче не беше многу валкано, но неговата препорака беше да остане така за да се спречи таложење на бигор“, напиша таа, додавајќи дека препорачливо е да се исцеди водата од казанчето пред чистење, особено ако има големи и видливи траги од габи и бигор.
Состојките што се користат за овој трик, повеќето луѓе веќе ги имаат во нивните домови, а тоа се лимонска киселина и алкохолен оцет.
Најпрво, со помош на инка, таа истурила 50 грама лимонска киселина во мало шише со распрскувач и горе полила со алкохолен оцет. Го затресла шишето, а потоа со смесата ја испрскала внатрешната страна на казанчето од која претходно го извадила капакот.
Таа потоа истурила уште 50 грама лимонска киселина во казанчето и ја прелила со литар оцет. Таа рече дека можете да додадете и малку топла вода (ако казанчето е многу валкано, што не беше во нејзиниот случај, па го прескокна тој чекор) и оставете да делува час или два. На крај исцедете ја водата. Доколку е потребно, натопениот остаток може да се трие со сунѓер пред да се исцеди водата.
Таа истакна дека на овој начин може редовно да се чисти казанчето, а самата веце школка да биде почиста. Но, таа предупреди дека по оваа постапка може да дојде до истекување на вода во старите казанчиња, доколку дојде до некакво оштетување што бигорот во меѓувреме го блокирал.
Потоа со истата течност ја испрскала тоалетната школка и истакнала дека е можно да се додадат неколку капки етерично масло во шишето за попријатен мирис.