фото: ffm.mk

ВИДЕО | Стадионот „Петар Милошевски“ во гордост на Битола и домот на македонската репрезентација

Како што е најавено, во вторник (9 септември) од 18.15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола македонската фудбалска репрезентација до 21 година ќе го игра вториот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2027 против Италија во рамките од групата Е.

Избраниците на селекторот Горан Станиќ се свесни дека за противник имаат светска сила, но ќе го дадат максимумот да дојдат до позитивен резултат. Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби официјална потврда од УЕФА дека ќе биде домаќин на натпреварот Македонија – Италија за играчи до 21 година.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси 40-на денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни подобрувања и современ изглед. Поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ сподели видео на кое се гледаат новитетите на стадионот, поставен семафор, јужната трибина брои 4.003 седишта, северната трибина 4.584, или вкупно стадионот има капацитет од 8.587 седишта, како и Вип простор. Потоа, нов изглед на домашната и гостинската соблекувална, како и судиската соблекувална. Има делегатска соба, медицинска соба, фитнес, како и прес-конференциска сала.

– Кога зборовите се дела! За рекордно краток рок, заедно со општина Битола успеавме да го претвориме стадионот „Петар Милошевски“ во гордост на Битола и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес – стои во објавата на Омерагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот