ВИДЕО: Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за српски симбол

Рилски манастир/Фото: Скриншот/YouTube

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за „чувар на српската историја и духовност“ и „симбол на српското православие и култура“, пренесува бугарската агенција БГНЕС извадоци од репортажата на српскиот историчар Ѓорѓе Бојаниќ објавена на порталот Српска историја.

-Рилскиот манастир има огромни врски со српската историја и е важен за нас Србите, како стар српски просветен центар, во него имало многу српски книги и ракописи. Најголем впечаток остави нашата Мара Бранковиќ, ќерката на српскиот деспот Ѓураѓ и на византиската принцеза Ирина. Нашиот српски витез, воин и господар Реља Охмучевиќ остави голема трага, тој беше современик на кралот Стефан Дечански и на царот Душан, пишува Бојаниќ за Рилскиот манастир.

Бојаниќ тврди дека ѕидните слики во манастирот на „стар српски јазик“, на кои се претставени српски владетели и светци, биле намерно насликани и скриени.

-Забележав нешто многу чудно, фреската каде што се насликани Свети Симеон Мироточиви (лево) и Свети Сава (во средината), натписите се речиси избледени (едвај читливи), како да се премачкани, и сите фрески што имаат врска со српските владетели и светци од српската историја како да избледуваат. Тоа е прилично чудно“, нагласува Бојаниќ во репортажата и додава дека тоа е недозволиво со оглед на тоа што Рилскиот манастир е под заштита на УНЕСКО.

„По битката кај Велбажд во 1330 година, на чело со српскиот генерал Стефан Дечански, Рилскиот манастир станал дел од српската држава“, напиша Бојаниќ на веб-страница.

Тој изјави дека посебно место во историјата на манастирот зазема Мара Бранковиќ, ќерката на српскиот деспот Ѓорѓе Бранковиќ и византиската принцеза Ирина, која се омажи за султанот Мурат II.

-Интересна е приказната дека група монаси дознале дека моштите на свети Иван Рилски се наоѓаат во руинирана црква во Трново (Бугарија). Монасите тоа и го пренеле на Марa, која побарала од султанот Мехмед II да ги пресели моштите на свети Иван Рилски од Трново во Рилскиот манастир. Тоа се случи во 1469 година, вели Бојаниќ.

Бојаниќ тврди дека Рељината Кула (Хрељина Кула)  ја изградил српскиот витез Реља Охмучевиќ.

Според историчарот, во подножјето на кулата е поставена камена плоча со врежан ктиторски натпис: „За време на владеењето на највисокиот господар, кралот Стефан Душан, господарот протошеваст Хреља со голем труд и трошоци ја изградил оваа кула и ја посветил на св. Јован Рилски и Богородица Осеновица (Одигитрија), 6843 година.

„Внатре во манастирскиот комплекс има и стара библиотека со над 10.000 пишани и печатени документи и книги, од кои многу се на старосрпски јазик“, пишува Ѓорѓе Бојаниќ и додава:

„Посетата на Рилскиот манастир дава незаборавно искуство од заживувањето на српската историја и духовност и секако вреди да се обрне внимание на секој што го цени богатото културно наследство на нашиот народ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот