Фото: Инстаграм/„Ѕвездите на Гранд“

ВИДЕО | Срцепарателен почеток: Емитувана првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ

Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ја емитуваше првата епизода по смртта на неговиот долгогодишен продуцент и креативен директор, Саша Поповиќ. Тој почина на 1 март во Париз по долгата битка со рак на желудник, но шоуто што го создаде продолжува со нови изданија.

Во саботата, на 8 Март, гледачите имаа можност да проследат една од последните емисии снимени додека Поповиќ беше жив. Водителите Воја Неделковиќ, Ана Севиќ, Милан Митровиќ и Сања Кужет му оддадоа почит, појавувајќи се облечени во црно, а во емисијата беше прикажан и краток документарец во негова чест, кој претходно беше емитуван и на комеморацијата.

Поповиќ беше погребан на 6 март, а неговото последно испраќање беше проследено со песната „Свирци моји“ од Ѕвонко Богдан. Како директор на продукцијата „Гранд“ и една од најзначајните фигури на српската естрада, тој остави длабок белег во музичката индустрија.

Во 1998 година, заедно со Лепа Брена, ја основа продукцијата „Гранд“, која подоцна стана водечка платформа за народната музика во регионот. Во 2004 година ја лансираше емисијата „Ѕвездите на Гранд“, која со текот на времето стана едно од најгледаните натпреварувања.

Поповиќ беше клучен член на жирито од самиот почеток, активно учествуваше во аудициите и го имаше последниот збор при изборот на натпреварувачите. Неговите соработници го опишуваат како човек чиј став и одлуки беа од пресудно значење за успехот на шоуто.

Колегите и пријателите се простија од Саша Поповиќ: „Ти беше раката за која сите се држевме и наша светлина во темнината“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот