Фото: Инстаграм/„Avatar: The Way of Water“

ВИДЕО | Спектакуларниот трејлер за новиот „Avatar“ за 24 часа го погледнале 19 милиони луѓе

Епскиот научно-фантастичен филм „Avatar“ во режија на Џејмс Камерон („Titanic“, „The Terminator“) го доби своето продолжение по 13 години, а трејлерот за филмот, веќе е достапен на Јутјуб.

„Avatar: The Way of Water“ е само првиот од најавените нови продолженија на франшизата „Avatar“, чиј оригинален филм своевремено соборуваше рекорди на гледаност (заработи две милијарди долари, пишува „Indiewire“).

Продолжението на филмот, наградено со три Оскари (од девет номинации), ги враќа гледачите на Пандора и ги следи новите неволји кои го погодуваат племето На’ви и нивната планета. Дејството продолжува десетина години по оригиналната приказна, во моментот кога опасноста се враќа за Пандора, што ги принудува Џејк и Нејтири да го напуштат својот дом со своето семејство. Патувањето ќе ги доведе до нови средби со локалното население кое живее опкружено со море.


На централните ликови на „Аватар“, Џејк Сали (Сем Вортингтон) и неговата избраничка Нејтири (Зои Салдана) во новата авантура ќе им се придружат нови ликови, вклучувајќи го и ликот Ронал, кому живот ќе му вдахне оскаровката Кејт Винслет, која многумина најмногу ја паметат токму по нејзината претходна соработка со Џејмс Камерон. Освен австралискиот актер Сем Вортингтон и американската актерка Зои Салдана, дел од новиот проект се и Сигурни Вивер, Стивен Ланг и Џовани Рибиси.


Судејќи според бројот на прегледи на официјалниот трејлер за новиот филм на Камерон, вториот дел од сагата за жителите на Пандора би можел да пожнее голем успех.

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот