ВИДЕО | СП. поткаст: Новинарството со Мирослава Симоновска

СП. поткаст со Мирослава Симоновска /фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Вечерва се емитува втората епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат“. Денес разговараме за новинарството, а наша гостинка во емисијата е новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Симоновска.

Симоновска неодамна ја доби наградата од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“, за сториите „Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози“ и „Потресен исказ за Онкологија во судница: Не ми беше за парите што му ги давав на аптекарот, туку затоа што не ми се даваше терапија“.

Со Симоновска разговаравме за актуелната состојба во новинарството, нејзините почетоци во професијата, заканите и притисоците со кои таа се соочила истражувајќи ги своите стории и многу други теми.

Целиот разговор можете да го проследите во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот