Фото: Принтскрин / Јутјуб

ВИДЕО | Создадена од 100.000 лего-коцки: Најголемата тиква во светот изложена за Ноќта на вештерките

„Леголенд“ во Данска го слави „најстрашниот“ период од годината и Ноќта на вештерките. По тој повод изработени се околу 12.000 лего-фигури и најголемата лего-тиква досега, пренесува „Ројтерс“.

Илјадници лего-коцки „Леголeнд“ ги искористи за да создаде мноштво тикви, пајаци, глувци и печурки и сè што ја прави Ноќта на вештерките најпрепознатлива и најстрашна од сите ноќи.

Илјадници лего-коцки беа искористени за да се направи и најголемата лего-тиква досега. Џиновската тиква е широка 2,5 метри, висока метар и пол и длабока 2,1 метри. Беа потребни три недели и 100.000 лего-коцки за да се направи.

Посетителите на „Леголенд“ се поканети да направат свои тикви и фигури за време на нивната посета, кои потоа ќе се изложат на полето со тикви за време на сезоната на Ноќта на вештерките, настан кој ќе заврши на 5 ноември.

Инаку, првиот „Леголенд“ во светот е отворен во градот Билунд во Данска во 1968 година и е трета најпосетувана атракција во државата.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот