
ВИДЕО | Советник на Левица 3 часа држел филибастеринг за да спречи ДУП во Кавадарци со мегаломански згради
Препорачано
Политичката партија Левица обвинува дека на последната седница на Советот на општина Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев донеле скандалозен детален урбанистички план, кој предвидувал мегаломански згради во непроодни улици во центарот на Кавадарци. На овој ДУП претходно имало огромни реакции од жителите на Кавадарци, од кои повеќето биле присутни на четири јавни анкети, каде нивните забелешки не беа прифатени, реагира партијата.
Советникот Круме Богевски од Левица првично поднесе 99 амандмани и нови 101 амандман за блокирање на овој ДУП. Дополнително, граѓаните на Кавадарци самоиницијативно отпочнаа кривична постапка против Општината и порачаа вештачење во кое предложениот ДУП со мегаломански згради во тесни улици е опишан како „урбанистичко силување”. ВМРО-ДПМНЕ, и покрај кривичната постапка која е активна, го стави ДУП-от на дневен ред и како последен обид, советникот од Левица држеше тричасовен филибастеринг, убедувајќи ги членовите на Советот да не изгласаат погубен ДУП кој ќе му пресуди на градот со трајни последици по достапноста, животната средина и хуманото живеење!Носењето на ваков скандалозен ДУП од страна на градоначалникот Митко Јанчев, спротивно на барањата и потребите на жителите, е единствено во корист на урбанистичката мафија и локалните моќници, пишува во соопштението од Левица.