
ВИДЕО | Сопругата на поранешниот француски претседател има ново хоби: Во 57. година танцува околу шипка
Поранешната манекенка и прва дама на Франција, Карла Бруни, покажа дека и покрај тоа што има 57 години, сепак прави и сака „сѐ што сакаат младите“. Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози (70) го снимила својот фитнес тренинг и го покажа своето совршено тело, а потоа ги изненади сите со новото хоби – танцување на шипка.
Препорачано
На видеото се гледа како таа со леснотија го изведува танцот, а многумина коментираа дека „ги инспирира луѓето со својата кондиција и убавина“.
View this post on Instagram
Карла за прв пат зачекори во светот на модата на 19 години работејќи за познатите брендови како Шанел, Диор, Карл Лагерфелд, Версаче и други. Таа се стекна со статус на една од најпосакуваните жени во светот, а беше меѓу 20-те најплатени манекенки со заработка од речиси осум милиони долари годишно.
Карла се испроба и во музиката, а нејзината популарност дополнително ја зголеми бракот со поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Пред да се омажи за Саркози во 2008 година, беше објавено дека била во врска со познатите музичари Ерик Клептон, Мик Џегер, Чарлс Берлинг и други, а се зборуваше и дека била во врска со поранешниот француски премиер Лоран Фабиус.
По нив, таа започна врска со Жан Пол Ентовен, но се заљуби во неговиот син, професорот по филозофија Рафаел Ентовен, кој во тоа време бил во брак.
Од таа љубов во 2001 година се роди нивниот син Аурелјан. Тие раскинаа во 2007 година бидејќи Рафаел чувствувал дека нивната врска не е искрена.
Три години откако се омажи за Саркози, Карла ја роди нивната ќерка Џулија. Таа сè уште е среќно мажена и според многумина сè уште е една од оние убавици на кои годините немаат никакво влијание.