Фото: Принтксрин - Инстаграм

ВИДЕО | Сопругата на Брус Вилис ги моли папараците: Дајте ни простор да го однесеме од точка А до точка Б

Холивудскиот актер Брус Вилис, по повеќедецениска плодна кариера, беше принуден да се пензионира, поради болеста афазија. Во март 2022 година, неговото семејство објави дека тој ќе се повлече од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување на говорот што влијае на способноста на една личност да комуницира, пишува „Марка“.

Неодамна семејството на Брус Вилис откри дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД) – помалку од една година откако се повлече од актерството поради неговата борба со мозочното нарушување, афазија. Семејството на актерот минува низ тежок период. Здравјето на Брус е нарушено, а дополнителен проблем е тоа што постојано го демнат папараците.


Затоа неговата сопруга Ема Хеминг се огласи на Инстаграм и им објасни на папараците дека личноста која боледува од деменција поминува низ пеколот кога е опкружена со луѓе кои не ги сакаат.

„Видов неколку фотографии и видеа кои беа направени кога мојот сопруг излезе со другарите да пие кафе, а тие се обидоа да го заштитат за да не му пречат луѓето. До сите фотографи и сниматели кои се обидуваат да добијат некои ексклузивни слики, ве молиме – држете се на дистанца. Знам дека тоа е ваша работа, но ве молам престанете да викате на мојот сопруг. Престанете да го прашувате како е, да му се јавувате. Не правете го тоа“, ги предупреди Ема споменатите актери.

„Дајте му простор, дајте ни простор да го однесеме на сигурно, од точка А до точка Б“, беше апелот на сопругата на Брус.

ВИДЕО | Брус Вилис за првпат виден во јавност по дијагнозата на деменција

Како Брус Вилис сними 22 филма за три години покрај проблемите со говорот?

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!