
ВИДЕО: Снимка од пукањето во Куманово – маскираниот напаѓач стрела кон автомобилот на Шахини
Снимка од безбедносна камера, на која е „фатен“ нападот со пиштол што се случи попладнево во Куманово, е објавена од телевизијата „21“. На видеото се гледа моментот во кој напаѓачот, со качулка на главата, се доближува до автомобилот со кој се возел д-р Зеќирија Шахини, носител на листата на ДУИ за советот на Општина Липково на претстојните избори и неколкупати стрела кон него.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Наспроти првичната верзија на МВР, од каде известија дека врз Шахини стрелале двајца напаѓачи, на снимката се гледа дека пукачот е сам.
Шахини, лекар-пулмолог на скопската Клиника за пулмологија, е ранет во ногата и според Министерството за здравство, тој е во стабилна состојба и закрепнува.
Околу нападот денеска се огласи опозициската ДУИ, од каде остро го осудуваат инцидентот и бараат полицијата и обвинителството веднаш да го најдат и казнат сторителот.
ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
18мин
-
26мин
-
45мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5