ВИДЕО: Снегот направи хаос на аеродромот во Минхен, авионите останаа заглавени на пистата

Снег во Минхен го парализираше сообраќајот/Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Повеќе од 760 летови беа откажани на аеродромот во Минхен во саботата поради обилните снежни врнежи, кои зафатија голем дел од Германија, Австрија и Швајцарија.

Откако првично најавија прекин на воздушниот сообраќај до пладне во сабота, аеродромот подоцна објави дека летовите ќе бидат откажани до 06:00 часот во недела.

Минхен е парализиран од 40 сантиметри снег, па запре освен воздушниот и железничкиот транспорт.

Другите аеродроми во регионот, како што е Цирих, исто така најавија одложувања и откажувања на летови поврзани со временските услови.

Во меѓувреме, автобуските и трамвајските и некои железнички линии во Минхен исто така беа прекинати поради снегот. Главната железничка станица во Минхен беше затворена за пристигнувања, додека меѓуградските услуги беа целосно суспендирани.

Германските железници предупредија дека сообраќајот на возовите ќе биде „сериозно погоден“ до понеделник.

Во исто време, огромен број патници беа блокирани на централната станица во Минхен.

Полицијата во саботата побара од жителите на Минхен да не ги користат своите автомобили освен ако тоа е апсолутно неопходно. Во некои области на јужна Баварија, жителите дури биле замолени воопшто да не ги напуштаат своите домови, поради временските услови, објави Си-Ен-Ен.

Јавниот радиодифузен сервис на Баварија во саботата објави дека 44 сантиметри снег во Минхен биле најголемите декемвриски снежни врнежи од евиденцијата која се води од 1933 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ