
ВИДЕО | Снег во Србија и БиХ, од утре сибирски бран и во Македонија
Пристигна зимата во регионот, почнувајќи од вечер ќе дојде и во Македонија. Подгответе ја топлата облека, но и зимската опрема за возилата и бидете внимателни по патиштата.
Препорачано
Според прогнозата, времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд насекаде во земјата. Во најголем дел ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).
Од исток и од североисток ќе продира многу ладен воздух и многу ниски температури. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и ќе се формира првата снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.
Температурите во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервал од 0 до 9 степени. На повисоките и планинските места температурите ќе бидат под нулата и ќе има појава на мраз.
На социјалните мрежи веќе почнаа да се шират слики од планински врвови со снег во регионот. Според информациите, обилна лапавица има на Голија. Во исто време, снег паѓа и на Копаоник. Што се однесува до регионот, снег паднал на падините на Бјелашница, во Босна и Херцеговина.