Чејс Инфинити и Леонардо Дикрапио - Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Скандал на црвениот тепих! Актерка ја прашаа како е да го вика Дикаприо „тато“

Чејс Инфинити се најде во незгодна ситуација на премиерата на филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another).

Американската актерка, која глуми во филмот заедно со Леонардо Дикаприо (50), беше затекната од прашање кое многумина ги остави без зборови. Инфинити, која го има своето деби на големото платно во авантуристичката комедија, веќе се соочува со предизвиците на славата.

– Како е чувството да го викаш Леонардо Дикаприо „тато“? – ја праша новинарот. Инфинити беше видливо збунета, но нејзината реакција беше кратка и резервирана.

„Па, хм, не мислев дека тоа ќе биде нешто што јас ќе го правам“, одговори актерката.

Иако интервјуто брзо беше отстрането од платформата, снимката се прошири на социјалните мрежи, а потоа следеше бран критики. Следбениците го осудија однесувањето на новинарот и застанаа во одбрана на младата актерка.

Чејс Инфинити – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

„Варајати го избриша видеото на кое Марк Малкин се однесува како целосен идиот со Чејс Инфинити на црвениот тепих на „One Battle After Another““, напиша еден корисник на платформата, додека други побараа јавно извинување од медиумската компанија.

„Целата љубов за Чејс Инфинити што се справи со тој момент на црвениот тепих со таква смиреност, грациозност и елеганција. Варајати треба јавно да се извини“, „Нема причина новинар, особено постар белец, да поставува вакви прашања“. „Ова е нејзино филмско деби и гордо ја прашувате ова?“, „Изгледа засрамена“, „Очигледно е збунета и разочарана од прашањето“, „Беше возбудена што ќе дава интервју, а потоа тој ја прашува ова“, се некои од коментарите.

Леонардо Дикаприо – Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот