Фото: Јутјуб/Принтскрин/EPA-EFE/TOLGA AKMEN

ВИДЕО | Шокантно интервју на братот на Меган Маркл: „Таа му го уништи животот на Хари и знам кога ќе го напушти“

Томас Маркл со години не е во контакт со својата сестра Меган Маркл со која очигледно не е во добри семејни односи. Но, никој не очекуваше толку остра медиумска изјава, особено не изјава од нејзиниот брат, дека бракот на Меган и принцот Хари е „при крај“.

Како да Меган Маркл не беше доволно критикувана од страна на јавноста, па сега нејзиниот брат Томас се придружи кон топлата, „фрлајќи камења“ кон својата сестра во шокантното телевизиско појавување.

„Меган му го уништи животот на Хари“

За време на гостувањето на „Ток ТВ“, Томас Маркл Џуниор беше недвосмислено прашан дали мисли дека Меган му го уништила животот на принцот Хари, а тој одговори подеднакво недвосмислено:

„Да, и не би додал ништо повеќе на она што го кажа“, рече Томас, додавајќи дека верува оти Меган целосно го променила животот на својот сопруг, на негативен начин.

Меган го води хаосот

Но, Томас се осврна на неодамнешното трогателно интервју на принцот Хари и продолжи со остри критики кон неговата сестра Меган.

„Го гледав интервјуто и го гледав кутриот човек. Мислам дека Меган го води целиот овој хаос, а тој станува сè полош и полош. Тој е толку потресен. Можете да го видите тоа на неговото лице очигледно е збунет, очаен е, не знае што да каже, мисли дека ќе западне во неволја ако не каже точно што сака Меган“, рече Томас, додавајќи дека сè изгледа тажно.

Сепак, тоа не е сè. Томас отиде чекор понатаму:

„За пет или шест години, Меган го промени Хари, но не го промени на подобро, туку на полошо.“Според мене, мислам дека си игра со својот живот.“

 

Љубоморна на Кејт Мидлтон

Тој исто така додаде дека Меган е многу љубоморна на Кејт Мидлтон:

„Меган е толку љубоморна на Кејт. Не знам од каде доаѓа сето ова, но никому од нив не му оди добро. Потоа излегуваат и се жалат, велејќи дека нивните животи се во опасност.“

„Таа ќе го напушти Хари штом тој ќе ги изгуби титулите“

Тој исто така шокираше со својата изјава дека Меган најверојатно ќе го напушти Хари откако ќе ги изгуби сите права на своите кралски титули.

„Мислам дека ќе го остави штом принцот Вилијам ќе ѝ ги одземе титулите.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот