
ВИДЕО | Шок во Њујорк! Пејачката Лола Јанг се струполи сред настап, итно хоспитализирана
Британската музичарка Лола Јанг (24), најпозната по нејзиниот хит од 2024 година „Messy“, се онесвести за време на настапот на фестивалот „All Things Go“ во Њујорк. Инцидентот се случил во саботата навечер додека таа ја изведувала својата песна „Conceited“ на стадионот „Форест Хилс“. Публиката била во шок кога медицинскиот персонал морал да ја изнесе од сцената, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Lola Young COLLAPSED on stage 😳 pic.twitter.com/CR5kpZDrvW
— Luxe ✧ (@luxcurv) September 28, 2025
Само неколку моменти претходно, пејачката се обрати на публиката и откри дека поминала низ многу тежок период.
„Имав неколку тешки денови, понекогаш животот те тера да се чувствуваш како да не можеш да продолжиш понатаму. Но, знаете што – се разбудив и решив да дојдам тука“, ѝ рече таа на публиката.
Откако беше симната од сцената, Јанг се огласи на Инстаграм за да каже дека сега е добро.
„Здраво, до сите што го видоа мојот настап на ‘All Things Go’ денес – добро сум. Ви благодарам за поддршката“, напиша таа.
Подоцна таа го откажа својот настап со порака на нејзината инстаграм-приказна, во која напиша:
„Жалам што морам да потврдам дека денес нема да настапувам на All Things Go во Вашингтон. Ја сакам оваа работа и никогаш не ги земам моите обврски и публиката здраво за готово, па жал ми е за сите што ќе бидат разочарани поради ова. Се надевам дека ќе ми дадете уште една шанса во иднина. Ви благодарам на сите што слушаат и што им е грижа. А на сите луѓе што сакаат да бидат злобни онлајн — ве молам, дајте ми еден ден одмор“.

Нејзиниот менаџер Ник Шајмански истакна дека тимот понекогаш мора да преземе заштитни мерки за нејзината безбедност.
Oh my gosh Lola young I hope she heals and gets better that’s scary pic.twitter.com/1Q2fTAvvDq
— ★𝑹𝒆𝒂𝒍 𝑮𝒓𝒐𝒐𝒗𝒆 𝑩𝒂𝒃𝒚 ★ (@DiscoEnigma92) September 28, 2025
„Лола е извонредна личност која секогаш ги сфаќа сериозно своите обожаватели, кариерата и настапите. Жал ми е за непријатностите што ги предизвика ова“, објави тој.
Пејачката во 2022 година откри дека страда од шизоафективно растројство, кое вклучува комбинација од симптоми на шизофренија, како што се халуцинации и делузии, и нарушувања на расположението како што се депресија и манија. Дијагностицирана е на 17-годишна возраст, откако со години мислела дека страда од депресија или биполарно растројство.
Јанг постојано признава дека нејзината болест ѝ го отежнува настапувањето на турнеи. Понекогаш доживува манични епизоди кои траат и до еден месец, обележани со несоница и чувство на вина или срам.