Фото: Инстаграм / Северина

ВИДЕО | Северина се присети како настанал еден од нејзините најголеми хитови: „Таа ноќ плачев во хотелската соба“

Северина сподели видео од нејзиниот концерт во Словенија каде заедно со една девојка од публиката го пееше нејзиниот хит „Пријатељице“, па се потсети како всушност ја напишала оваа песна и кому ја посветила.

Имено, песната „Пријатељице“ е објавена на албумот „Девојка са села“ во 1998 година, а нејзиното создавање крие тажна приказна. Во објавата, Северина откри дека текстот за оваа песна започнала да го пишува уште во средно училиште.

„Текстот за ‘Пријатељице’ почнав да ги пишувам уште во средно училиште за моите пријатели, безгрижно и разиграно, а рефренот го завршив плачејќи во хотелска соба во Загреб во 1991 година, кога ми кажаа дека Марица загинала во сообраќајна несреќа“, напиша Северина.

Таа објасни дека музиката ја напишала подоцна и ја објавила на албумот „Девојка со села“.

„Требаше да се вика ‘Еј Марице, пријателке моја’, но не сакав да ги допрам раните на нејзините родители, и на сите нас кои ја сакавме“, открила пејачката.

Потоа, таа се сети на својата другарка Марица: „Таа беше најубава во класот, свиреше виолончело. Одлета на нејзиниот југ. Нејзините соништа останаа неостварени, останавме без неа, но таа живее низ нејзината песна. И знам дека секогаш ја слуша, сега преку гласовите на некои млади девојки“.

Северина, исто така се заблагодари и на девојката Тија која ја испеа песната со неа, велејќи: „Беше силна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

ФОТО+ВИДЕО | Северина воодушевена од концертот на „Бијело дугме“ во Загреб, се сликала и со Горан Бреговиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот