Фото: Инстаграм/Селена Гомез

ВИДЕО | Селена Гомез ќе се мажи викендов? Пејачката откри детали од свадбата со Бени Бланко

Актерката, пејачка и бизнисменка Селена Гомез навести дека овој викенд ќе се омажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли мејл“.

На официјалниот инстаграм-профил на нејзиниот козметички бренд „Реар“, пејачката сподели снимка од маса преполна со козметика, мобилен телефон на кој свиреше песната на „Pick it Up“ на Карди Би, во која учествува и самата Гомез, како и црни очила за сонце и сребрена чантичка.

Над фотографијата напиша: „Јас целиот викенд“.


Оваа објава веднаш поттикна шпекулации дека викендот ќе биде посветен на подготовките за свадбата, бидејќи, како и секоја невеста, Гомез сака да изгледа најдобро на својот голем ден. Некои американски медиуми веќе објавија дека свадбата ќе се одржи токму овој викенд.

Според објавените информации, на церемонијата во Калифорнија ќе присуствуваат манекенката Парис Хилтон и актерот Мартин Шорт, а се претпоставува, но сè уште не е потврдено дали ќе биде и Тејлор Свифт.

Гомез не можеше да го сокрие возбудувањето кога пред две недели, во гостување во емисијата „Вечерно шоу со Џими Фалон“, зборуваше за свадбата со Бланко. На прашањето за подготовките, таа со насмевка одговори: „Прекрасно е. Многу сум среќна. Сè оди добро. Навистина сум возбудена“.

Во емисијата, Стив Мартин се пошегува: „Сигурен сум дека нашите покани ќе стигнат еден ден“. Гомез потврди дека секако се поканети, а во шега додаде дека Мартин Шорт ќе го носи прстенот.

Минатиот месец Гомез ја прослави својата девојачка вечер, а многумина шпекулираат дека парот, кој се сврши во декември минатата година, свадбата ќе ја направи токму овој месец. Според претходните информации, венчавката би траела два дена и ќе се одржи во Монтецито, Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот