ВИДЕО: Секунди пред ужасот, снимки од хипермаркетот во Харков пред експлозијата

Руски напад врз хипермаркет во Харков/Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV 53583

Бројот на загинати во рускиот напад на специјализиран трговски центар со градежни производи во Харков се искачи на 16. Меѓу жртвите има и 12-годишно дете. Повредени се 44 лица, од кои 14 жени, а 30 мажи.

Олех Синехубов, шеф на воената управа на регионот Харков, изјави дека се идентификувани телата на 14 загинати лица. Тој додаде дека биле пронајдени фрагменти од две тела кои допрва треба да се идентификуваат. Уште осум лица се сметаат за исчезнати.

Нападот се случил вчера попладне и предизвикал огромен пожар. На пожарникарите им биле потребни повеќе од 16 часа за да го изгаснат пожарот.

Националната полиција на Украина објави видео кое го овековечува моментот на рускиот удар. На видеото се гледаат клиентите како лежерно се движат низ продавницата, пред силната експлозија.

„Видеото на кое во моментов работат истражителите го покажува моментот на ударот. Ова јасно покажува дека луѓето биле целосно неподготвени за таков напад. Тие биле на нивните работни места и се занимавале со својата работа. Сега ја анализираме секоја минута од снимката од надзорната камера“, истакна Синехубов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот