
ВИДЕО | Се враќаат легендарните модели: „Викторијас сикрет“ ги откри првите имиња за годинашната ревија
Модното шоу на „Викторијас сикрет“ и оваа есен ќе го привлече вниманието на светската јавност. Модната куќа веќе ги откри првите имиња кои ќе зачекорат на пистата во 2025 година, а листата изобилува со легендарни ангели и омилени лица на публиката.
Препорачано
Во видеообјава на Инстаграм, со препознатливата порака „Тајната е откриена“, брендот најави дека првите шест ангели за годинашната ревија се Адријана Лима, Алекс Консани, Анок Јаи, Џоан Смолс, Лили Олдриџ и Јуми Ну. Тие беа претставени во црно долна облека и со бели ангелски крилја, симбол на култната естетика на шоуто.
Три од моделите се веќе легенди на брендот, меѓу кои и Адријана Лима – еден од најпрепознатливите ангели во историјата на „Викторијас сикрет“. Анок Јаи и Алекс Консани дебитираа минатата година во Њујорк, при што Консани направи историја како првата трансродова манекенка која чекорела на оваа писта. Од шесте потврдени имиња, едно е целосна дебитантка која минатата година учествувала само на аудиции.
Објавата на социјалните мрежи предизвика бројни реакции. Дел од обожавателите побараа враќање на старата препознатлива естетика со многу сјај, волуменозна коса и совршена шминка.
„Ве молиме, вратете ги старите ревии со блескав изглед и гламур, многу ни недостигаат,“ напиша еден корисник. Други се надеваат дека повторно ќе ја видат „бомбшел“ естетиката со која брендот беше синоним за гламур.