
ВИДЕО | Се урна мост во Јужна Кореја, најмалку двајца загинати, петмина повредени
Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени рано во неделата кога се урна надвозник на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, објави новинската агенција Јонхап.
Препорачано
Во несреќата осум работници биле затрупани под урнатините, а спасувачките екипи извлекле двајца онесвестени работници.
Несреќата се случила околу 09:49 часот по локално време, кога пет челични конструкции од 50 метри што го потпирале мостот се уривале една по друга откако биле поставени од кран, се вели во извештајот што го пренесува новинската агенција Јонхап.
BREAKING: At least 3 construction workers killed, 5 injured after portion of highway overpass collapsed near Anseong, South Korea pic.twitter.com/7m0E8zktT4
— BNO News (@BNONews) February 25, 2025
Претходно, агенцијата објави за најмалку три смртни случаи, но јужнокорејската противпожарна служба појасни дека досега е потврдена смртта на две лица и повредата на уште петмина, од кои четворица се во критична состојба.
Според истиот извор, властите трагаат по уште три лица, за кои се стравува дека биле згмечени од урнатините на мостот.
Јужнокорејската телевизиска мрежа YTN објави драматична снимка на која се гледа како дел од мостот се урива на градилиште јужно од главниот град Сеул.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Чои Санг-мок нареди да се мобилизираат целиот расположлив персонал и ресурси за да се спасат исчезнатите и да се преземат мерки за да се спречи дополнителна штета, соопшти неговата канцеларија.