
ВИДЕО | Сè „пука“ од сексапил: Мајли Сајрус и Наоми Кемпбел танцуваа заедно во провокативна долна облека
Пејачката Мајли Сајрус објави музички спот за нејзината нова песна „Every Girl You’ve Ever Loved“, во кој се појавува и моделот Наоми Кембел. Пејачката и моделот, кои неодамна беа обвинети за грубо однесување кон обожавателите, позираа и танцуваа заводливо во видеото.
Препорачано
Покрај тоа што се појави во видеото, Наоми отпеа и неколку стихови во песната. Видеото започнува со Мајли како пее и танцува во темен магацин во провокативна црна облека. Кембел потоа се појавува во црно кожно палто со зборовите: „Таа никогаш не носи часовник, но никогаш не доцни, има таква грациозност, дали Ботичели ти го наслика лицето?“
Кон крајот на видеото, двете се соблекуваат во црна провокативна долна облека и прошетаа заедно како на модна писта. Тие кратко танцуваа и позираа пред камерата, а на самиот крај од видеото се оддалечија од камерата. Видеото собра над 800.000 прегледи за еден ден, а Кембел покажа во коментарите колку е среќна што соработува со Мајли.
„Горда сум што сум дел од овој моќен момент со тебе, Мајли. Твојата визија, глас, срце – сè сјае. Ти благодарам што ме вклучи во овој проект. Кој друг е опседнат со ова видео?“, напиша таа.
Инаку, Наоми ѝ се придружи и на Мајли за време на промоцијата на нејзиниот последен сингл во Лондон. Тие заедно потпишаа плочи, а набрзо негативните реакции за нивното однесување се проширија на социјалните мрежи. Многумина рекоа дека Наоми и Мајли повеќе разговарале една со друга отколку со фановите кои дошле да ги поддржат.