Фото: Рexels-christian-pfeifer

ВИДЕО | Сценарио за кое не смееме ни да размислуваме: Вака би изгледала Земјата, ако се стопи целиот мраз на планетата

Има многу мраз на планетата, и како што сите знаеме, тој брзо се топи под влијание на климатските промени. Затоа, во последно време сѐ повеќе се поставуваат прашања за тоа како ќе изгледа планетата доколку се стопи целиот мраз и што можеме да очекуваме.

Видеото на „Business Insider“ покажува кои градови во тој случај би исчезнале под вода.

Климатските промени се реалност, а глечерите на планетата се топат брзо, дури и побрзо од очекуваното. Има доволно мраз на планетата за овие факти да предизвикаат загриженост. Имајќи ги предвид двете најголеми ледени плочи на Земјата, онаа на Антарктикот и онаа на Гренланд, кои заедно се протегаат на повеќе од 15,54 милиони квадратни километри , јасно е дека ова е многу голема количина и дека би било катастрофа ако сето тоа се стопи мразот.

Видеото направено од „Business Insider Science“ пред неколку години покажува како точно би изгледале нашите брегови доколку се стопи целиот копнен мраз.

Многу европски градови како Брисел и Венеција всушност би биле под вода. Во Африка и на Блискиот Исток, Дакар, Акра и Џеда ќе исчезнат. Милиони луѓе во Азија, во градовите како Мумбаи, Пекинг и Токио, ќе бидат раселени и ќе мора да се преселат во внатрешноста. Јужна Америка ќе остане без градови како Рио де Жанеиро и Буенос Аирес, а во САД ќе гледаме места како Хјустон, Сан Франциско и Њујорк и целата држава Флорида полека исчезнуваат во морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот