Сашо Мијалков со „Ферари“ во Монте Карло / Фото: Принтксрин

ВИДЕО: Сашо Мијалков со црвено „Ферари“ во Монте Карло

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков со женска сопатничка се појави во Монте Карло.

На снимката што ја објави порталот „Скопје1“, а на кој не е наведено од каде е изворот на видеото, туку само дека е објавено пред 14 часа, Мијалков излегува од луксузното возило и влегува во хотелот „Ле Луи“, каде има ресторан со три мишелин ѕвездички.

Мијалков беше обвинет во предметот за масовно прислушкување „Тврдина“, но делото му застаре откако претходниот собраниски состав изгласа промена на Кривичниот Законик.

Откако беше ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави неговото име се појави и во последната објава на Стејт Департментот, кога на црната листа му се придружи и Артан Груби заедно со судијата Беџети затоа што биле вклучени во коруптивни активности за да му ги застарат делата на Мијалков.

Сашо Мијалков е на слобода: Беше пример за другите осуденици, рече директорот на затворот

Сашо Мијалков и неговиот брат добија признание од МПЦ-ОА

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити

Мијалков ги купи конфискуваните станови на Мијалков на Водно

https://www.slobodenpecat.mk/wp-admin/post.php?post=1206828&action=edit

 

Останува мистерија кој го снимил Мијалков налик инфлуенсери и моќници на „ТикТок“ кои нарачано ги снимаат како излегуваат од скапи автомобили и влегуваат во луксузни објекти и дали е ова всушност нарачана снимка?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот