Бебе белоглав орел Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Русите именуваа животинче Трамп: „Да беше женка, ќе беше Меланија“

Бебе белоглав орел, прво од ваков вид во зоолошката градина Малинки во Ростовскиот регион, го доби името Трамп, по американскиот претседател Доналд Трамп.

„Денес, Трамп излета од гнездото, што го означи почетокот на неговиот возрасен живот. И покрај фактот дека Трамп е стар речиси три месеци, неговите родители продолжуваат да го штитат и активно да се грижат за него“, изјавила директорката на зоолошката градина Елеонора Моргунтова.

Младенчето е родено на почетокот на април, а неговиот пол е утврден дури денес, додека Моргутнова вели дека доколку било женско, би се викало Меланија, по првата дама на САД, пренесува „РИА Новости“.

Таа додаде дека птицата има црни пердуви, кои ќе ги задржи до четиригодишна возраст, а засега јаде само месо, во кое ужива.

Според вработените во зоолошката градина, родителите го обожаваат – неговата мајка му носи храна во гнездото, но родителите сè уште не им дозволуваат на чуварите да влезат преку оградата.

„Трамп е смирен, разумен и многу внимателен, ја проучува ситуацијата и гостите во паркот и е подготвен за интеракција“, рече директорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот