Фото: GNK Dinamo Zagreb

ВИДЕО | Ристовски асистираше, но и доби црвен картон во ремито на Динамо против Хајдук

Денеска во 24 коло од најсилното хрватско првенство фудбалерите на Динамо Загреб ремизираа дома против Хајдук Сплит со 2:2.

Во текот на првото полувреме веќе по пет минути игра поведоа „модрите“ со голот на Батурина по асистенцијата на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Гостите успеаја да израмнат по половина час игра, односно во 31 минута кога автогол си постигна Фрањиќ.

На стартот од вториот дел домаќините ја вратија предноста преку Пјер-Габриел, а во 62 минута останаа со еден фудбалер помалку на теренот поради вториот жолт картон на Ристовски.

Динамо не успеа до крајот да ја задржи предностите, Хајдук го избегна поразот во судиското надополнување (90+1`) кога домашната мрежа ја затресе Кровиновиќ.

За Динамо стартер беше и Аријан Адеми кој го напушти теренот во 28 минута поради повреда.

На табелата Динамо Загреб е на третото место со 39 бодови, зад Хајдук Сплит на втората позиција со 45, а водечки а Риека со 46.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот