Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN/ТикТок колаж

ВИДЕО | Ријана им испрати 100 рози на бабичките кои го рекреираа нејзиниот настап на Супербол

Ријана ги изненади бабичките во домот за стари лица „Аркадиа Сениор Ливинг“ (Arcadia Senior Living) во Кентаки, кои го рекреирале нејзиниот настап на полувремето на Супербол, во видеото кое стана апсолутен хит на ТикТок. Пејачката на дамите им испратила букет од 100 бели рози.

Со цвеќето испратила и порака во која за нивниот настап напишала дека е „чудесен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ensemble (@ensemblemagazinenz)


„Бевме во шок“, изјавила Пејџ Оукс, директорката на домот за „Базфид њуз“ (BuzzFeed News). Таа истакнала дека Ријана им го разубавела денот, со самото тоа, што знаат дека го видела нивниот настап.

 

@arcadiasrlivingbg Our halftime show > Rihanna’s halftime show ?????? #seniorlivingcommunity #halftimeshow #SuperBowl #rihanna #fyp ♬ original sound – Brian Esperon

„Цело време чекавме одговор од Ријана, но навистина не мислевме дека тоа некогаш ќе се случи бидејќи знаеме дека е зафатена, а не знаевме дали воопшто го видела видеото“, ги опишала своите впечатоци Оукс.

Инаку, видеото на бабичките собра повеќе од 30 милиони прегледи на ТикТок, а во него танцуваа 10 постари жени во бели костими, како танчарки и една во црвено, која ја имитираше Ријана.

Ријана на „Супербол“ / 12 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

За потсетување, Ријана направи спектакл на полувремето од најгледаниот спортски настан во САД и откри дека е бремена по вторпат. Таа со својот настап испиша историја со оглед на тоа дека е првата позната трудница која настапила на Супербол.

ВИДЕО | Џастина го украде шоуто на Супербол: Интерпретаторка на знаковен јазик ја засени Ријана

ВИДЕО | Ријана подготвила 39 верзии на шоуто за Супербол: Кое ќе го видиме ние?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!