
ВИДЕО | Револуционерно! Научници развија роботска ракавица која им помага на пијанистите да свират побрзо
Јапонските научници развија роботска ракавица која помага да се практикува свирење на пијано и овозможува да се стекне поголема брзина на движење на прстите, пишува „Њу саентист“.
Препорачано
Апаратот може да го придвижи секој од петте прсти побрзо отколку што може човек кога ја носи ракавицата. Роботскиот егзоскелет во форма на ракавица што ги движи прстите со голема брзина при свирење на клавир, овозможува стекнување вештина и виртуозност.
Ракавицата може да го свитка секој прст четирипати во секунда и е дизајнирана да им помогне на пијанистите да вежбаат и да ја подобрат нивната физичка агилност.
Во една студија во која учествуваа повеќе од стотина остварени пијанисти, егзоскелетот им помогна да ги подобрат своите технички вежби. За време на вежбањето, апаратот ги движел прстите во сложени шаблони побрзо отколку што можеле сами да управуваат, а кога бил отстранет егзоскелетот, пијанистите сè уште можеле да свират побрзо и попрецизно.
Шиничи Фуруја од „Сони компјутер саенс лабаратори“ во Токио, кој го водеше истражувањето, вели дека тоа е инспирирано од неговите сопствени искуства како пијанист, имено тој се соочил со потешкотии при свирењето на сложени дела како што е Бетовеновата соната бр. 3 и Шопеновиот етид оп. 25, бр. 6.
„Не е проблем да се свири бавно, но беше речиси невозможно да се направи тоа брзо, поради компромисот помеѓу брзината и прецизноста“, рекол Фуруја.
Тој верува дека апаратот може да им помогне на другите професионалци кои бараат високо ниво на умешност во нивната работа.