ВИДЕО | Ревизорите предупредуваат: Во државава со години нема доволно инспектори

Согласно годишната програма за работа на ДЗР за 2020 предвидовме и реализиравме две ревизии на усогласеност на условите начинот и постапките за утврдување на правниот статус како и за санкционирање на бесправно изградените објекти на територија на општина Охрид и општина Струга. Под бесправно изграден објект се подразбира објект кој е изграден без одобрение за градење, спротивно на таквото издадено одобрение или извршена пренамена на веќе изграден објект, како и објекти кои се надвор од планската документација на самата општина, изјави во Утрински брифинг Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор.

„Појдовна точка при самата ревизија ни беше и условот за поднесување за барање за легализација за вака бесправно изградените објекти. Најбитен услов за услов за да може ден објект да се легализира е врз истиот да бидат изградени сите градежни и инсталациони работи, заклучно со 3.03.2011 година и секако дека надлежноста на законско спроведување на целокупната постапка на легализацијата за објекти од локално значење е на општините, додека за објекти од значење на Републиката го има Министерството за транспорт и врски“, вели Ристовска.

„Согласно Законот постапката за легализација на бесправно изградени објекти овозможува да отпочне со поднесување на барање без истото барање да биде комплетирано со сите потребни прилог документи. Ова беше еден од основните проблеми со кои се соочија и општина Охрид и општина Струга при утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти. Констатиравме дека голем број на предмети не се комплентни, дел од постапките се уште се во тек , иако објектите се изградени на земјиште кое не е еопфатено со планска документација, на земјиште за кое се водат постапки за денационализација, во тек се постапки за легализација на објекти кои се изградени во заштитниот крајбрежен појас на Охридскот езеро или во рамки на Националниот парк – Галичица“, вели Ристовска и додава дека доколку ваквите барања за легализација кои се изградени на земјиште за кои општините де факто немаат никакви законски предуслови да ја одобрат легализацијата, за истите не се носи решени за одбивање на барањето, туку истите се водат како една бројка во низата нерешени предмети.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот