Фото: Принтскрин/ Твитер

ВИДЕО | Репортер на „Би-би-си“ ограбен за време на директен пренос: Неговата реакција е хит!

Ѕвездата на „Би-би-си“, Хари Лоу, бил на задача да известува за силен дожд и поплави во предградието на Лондон во понеделникот вечерта, кога некој му го украл ранецот.

„Прв пат во кариерата синоќа – ми ја украдоа торбата во текот на нашиот пренос во живо“, напиша тој на Икс (поранешен Твитер) покрај објавеното видео.

На почетокот на снимката, Лоу известува за временските услови, по што следув претходно снимено интервју што го направил со млад локален жител.

Кога камерата се вратила на улицата, настанала неколку секунди тишина и се чинело дека репортерот забележал дека нешто не е во ред, а Лоу подоцна открил дека во тој момент крадецот побегнал со неговата торба.

Репортерот ја задржал присебноста и мирно си ја завршил работата, а многумина ја пофалија неговата реакција, меѓу кои и неговата колешка Холи Клеменс, која напишала: “Ох Хари!! Ти си апсолутен професионалец. Сепак, тоа е ужасно, жал ми е што се случи тоа”.

Кражбата не е фатена на камера, а Лоу не откри што има во украдената чанта, ниту пак откри дали крадецот е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот