
ВИДЕО | Рецепт за колач од стара Грција стар 6.000 години: Најздрав на светот, се прави од две состојки
Желбата за слатко постои од кога постојат и луѓето, само што е голема разликата во она што го јадеме ние и она што го јаделе некогаш одамна. Ние главно посегнуваме по нездрави слатки, преполни со шеќер, хемикалии и слично.
Препорачано
Пред околу 6.000 години, еден од најпосакуваните деликатеси во стара Грција и на Блискиот Исток биле пастели или интрион. Тоа е колач од само две состојки – мед и сусам – кој е толку здрав и лековит што секој би требало да го јаде.
Овој колач се спомнува во старите записи – го земале војници за сила пред да одат во борба, а жените со нив ги стимулирале хормоналните жлезди.
Ова се неговите предности:
– изобилува со низа витамини и минерали
– содржи антиоксиданси
– ги регулира маснотиите во крвта
– дава енергија за тешки физички работи
– го намалува чувството на депресија
– го поправа расположението
– го намалува нивото на стрес
Состојки:
– 300 грама паста од чист мелен сусам – се вика тахини
– 300 грама мед
Подготовка:
Добро измешајте и направете топчиња. Ставете ги малку во фрижидер да се стегнат – и тоа е тоа. Се препорачува да се јаде две до три топчиња на ден.
Совет:
Тахини може да направите и сами. Ви требаат исчистени, сирови семки од сусам, малку сусамово масло (две лажици масло одат на половина до една лажица семка). Пред блендирање семките малку испржете ги на тава додека не добијат златна боја. Ставете ги во блендер, додајте масло и блендирајте додека не добиете мазна, густа смеса.