Фото: ABA League/Dragana Stjepanovic

ВИДЕО: Работнички на „крилјата“ на Младеновски и Торнтон ја преслуша Слобода!

Работнички денеска беше подобар од тимот од Слобода Ужице (87:77), но не „побегна“ од баражот, и дуелите со екипата на Сутјеска од Никшиќ во рамките од втората АБА лига.

Играчите на Мираковски за да играат во ова натпреварување и во наредната сезона, ќе треба да бидат една од двете екипи кои преку бараж-натпреварите ќе бркаат опстанок. Поточно, во два натпревари треба да бидат подобри од екипата на Сутјеска Никшиќ која завршува на 13 позиција.

Пет од осумте порази дојдоа на терен, три од нив беа службено загубени, откако поради проблемите со корон вирусот, не отпатуваа на турнирот во Бања Лука. Во кругот на екипи кои завршија со ефект (5-8), Широки, Горица, Ловќен и Работнички, македонската екипа има најлош меѓусебен скор.

Први стрелци во денешниот меч за тимот од Градски парк беа Торнтон и Младеновски со по 20 поени, веднаш зад нив беше Питс со 18.

На спротивната страна за српскиот претставник доминираше Чубиќ со 17 поени, Чворовиќ запиша 14, а Тадиќ 12.

МЗТ беше и на „минус 16“, но запиша уште еден триумф во АБА2 лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот