Пукање во САД

ВИДЕО | Пукање во канцеларијата на ИЦЕ во Далас – три лица повредени, напаѓачот мртов

Најмалку тројца луѓе се повредени во пукање што се случи во среда наутро во канцеларијата на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ/ICE) во Далас, Тексас, потврди вршителот на должноста директор на агенцијата, Тод Лајонс, пренесе Си-ен-ен.

„Првичните извештаи укажуваат на можен снајперски напад. Во моментов имаме три лица кои се погодени и пренесени во болница. Нема информации за нивната состојба“, изјави Лајонс.

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, соопшти дека осомничениот напаѓач се самоубил. Засега не е познато дали жртвите се вработени во ICE.

„Деталите сè уште пристигнуваат, но можеме да потврдиме дека има повеќе повредени и мртви,“ објави Ноем на платформата Х. „Иако мотивот е непознат, јасно е дека нашите службеници на ICE се соочуваат со невидено насилство. Тоа мора да престане.“

Полициски извори дополнително потврдија дека меѓу ранетите има и двајца притворени имигранти. Во објектот вообичаено се наоѓаат вработени во ICE, цивили и лица во притвор.

Полицијата и федералните агенти остануваат на местото на инцидентот додека трае истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот