Пукање пред казино во Невада, двајца мртви и тројца повредени/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Пукање пред казино во Рино, Невада – двајца убиени, тројца повредени

Две лица се убиени, а три други се повредени вчера во пукотница во казино во Рино, Невада, САД.

Нападот се случил во ресортот и казино Гранд Сиера, јавува Си-Ен-Ен, прецизирајќи дека наводниот сторител е меѓу повредените.

Полициската управа во Рино потврди дека наводниот напаѓач, чиј идентитет не е објавен, е во притвор. Сведоците го виделе како шета низ паркингот кратко пред пукањето.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на на изјава од полицаец објави дека пиштолот се заглавил откако почнал да пука.

„Се обидуваме да утврдиме што се случило“, изјави градоначалничката Хилари Сиви за „Рино Газет Џурнал“.

Градот Рино е втор најнаселен во државата Невада, по Лас Вегас, а е познат и по своите казина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот