фото: принтскрин/instagram.com/s04

ВИДЕО: Прв меч и веднаш гол на Дарко Чурлинов во дресот на Шалке

Пред само три дена македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше промовиран во Шалке чиј дрес ќе го носи до крајот на сезоната како позајмица од Барнли.

Денеска во 19 коло од втората Бундес лига составот на Шалке загуби на гостувањето кај Кајзерслаутерн со 4:1.

Ахе ги доведе во водство домаќините во 10 минута, нашиот фудбалер Чурлинов настапи од стартот на второто полувреме, и само пет минути подоцна донесе израмнување по асистенцијата на Караман.

До крајот на мечот Кајзерслаутерн постигна уште три голови, со погодоците на Ахе, Стоиљковиќ и Опоку.

На табелата Шалке е на 15 позиција со 20 бодови, а во следното коло ќе игра против Брауншвајг на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот