Фото: РК Еурофарм Пелистер

ВИДЕО | „Проектилот“ на Филип Кузмановски во Топ 10 голови на сезоната во Лигата на шампионите

Минатата сезона ракометниот клуб Еурофарм Пелистер во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите го освои седмото место со осум бодови и малку недостасуваше да се пласира во плеј-офот.

Актуелниот македонски првак и следната сезона ќе биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Еден од најдобрите играчи во редовите на битолската екипа Филип Кузмановски беше прв стрелец на екипата сезонава во ЛШ.

Нашиот репрезентативец постигна 87 голови, а еден од нив во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) се најде во Топ 10 најубави на сезоната во ЛШ.

Токму 28-годишниот лев бек ја почнува листата од 10 место со прекрасен погодок на дуелот против Динамо Букурешт од Романија во салата „Боро Чурлевски“. Најубавиот погодок доаѓа од Јан Гури, членот на португалскиот Спортинг. Уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот