Киднапирана девојка во Израел / Фото принтскрин твитер

ВИДЕО | Припадници на Хамас киднапирале девојка на фестивалот во Газа: „Не ме убивајте“

Медиумите во Израел пишуваат за киднапирањето на девојката Ноа Аргамани, за која тврдат дека била киднапирана од страна на припадниците на Хамас. Семејството на Аргамани споделило неколку потресни снимки од нејзиното киднапирање во јужен Израел, јави Њујорк Тајмс.

На снимките може да се види како терористите на Хамас ја одведуваат на задниот дел од мотор додека таа викала „не ме убивајте“ и посегнала по своето момче Ави Натан, кој исто така го држеле војниците на Хамас. И двајцата биле присутни на фестивалот во Газа, каде беше извршен голем напад.

Израел потврди дека цивили и војници биле киднапирани и однесени во Газа, но не го прецизира нивниот број. Се стравува дека терористичката група држи десетици Израелци, вклучувајќи деца и постари лица.

ВО ЖИВО | Војна во Израел, немирите продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот