Црвена звезда во 1991 година беше европски шампионфото: crvenazvezdafk.com

ВИДЕО: Пред 32 години Панчев и Најдоски станаа европски шампиони со Црвена звезда

На денешен пред 32 години, на 29 мај 1991, Црвена звезда го оствари најголемиот успех на југословенскиот фудбал, стана шампион на Европа.

Во тогашниот Куп на шампионите (сегашна ЛШ) во финалето одиграно во Бари по регуларниот дел беше 0:0, а во пенал серијата белградските „црвено-бели“ беа подобри од Олимпиј Марсеј со 5:3.

Клучниот пенал за европска титула го реализираше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, воедно освојувач на „Златната копачка“.

Ова финале ќе остане запаметено и по култниот коментар на Милојко Пантиќ кој го пренесуваше финалниот меч.

– Дарко Панчев и Олмета очи во очи. Црвена звезда е шампион на Европа! Црвена звезда е победник на Купот на шампионите. Најголемиот успех на југословенскиот клупски фудбал. Дарко, Дарко, Дарко… – беа зборовите на Пантиќ.

Покрај Панчев, во „златната“ генерација на Црвена звезда беа и Илија Најдоски, Стеван Стојановиќ, Душко Радиновиќ, Слободан Маровиќ, Владимир Југовиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Мидраг Белодедиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савичевиќ, Синиша Михајловиќ, Драгиша Биниќ, Влада Стошиќ, Горан Василијевиќ, Ивица Момчиловиќ, Жељко Калуѓеровиќ, Милиќ Јовановиќ, Горан Јуриќ, Раде Тошиќ, Владан Лукиќ и Љубиша Милојевиќ. Тренер беше Љупко Петровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот