фото: EPA-EFE/Javier Martin

ВИДЕО: Пречекан како вистински крал – Артуро Видал слета на теренот со хеликоптер

Артуро Видал, фудбалер кој веќе има 36 години, одлучи да ја заврши кариерата во тимот на Коло-Коло, токму тимот во кој ја започна својата кариера далечната 2005 година.

Чилеанскиот репрезентативец (одигра 142 натпревари) реши по Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, Интер, Фламенго и Атлетико Паранаенсе да се врати во татковината и да ја заврши кариерата во клубот кој е најпознат во Чиле.

Сè беше спектакуларно, Видал слета на теренот со хеликоптер, а потоа се качи на коњ и заобиколи неколку круга со наметка на грбот. Исто како вистински крал…

– Беше многу емотивно да се симнам и да видам ваков стадион. Спектакуларно. Сега се чувствувам уште поопуштено на теренот. Ви благодарам од сето мое срце за толку многу љубов. Се надевам дека ќе можам да возвратам на секој натпревар што ќе го играм. Се надевам дека стадионот ќе биде полн цела година како денес и дека ќе го подигнеме вториот трофеј од Копа Либертадорес, зошто да не? – изјави Чилеанецот.

Во својата професионална кариера Видал успеа да освои и две титули на Копа Америка со репрезентацијата на Чиле.

фото: EPA-EFE/Javier Martin
фото: EPA-EFE/Javier Martin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот