Пожар во Сочи / Фото east2west news / WillWest News / Profimedia

ВИДЕО | Пожар во складиште за гориво во Сочи по напад со дрон

Напад со беспилотно летало утрово предизвика пожар во складиште за гориво во јужниот руски крајбрежен град Сочи, според извештаите на медиумите.

Според рускиот онлајн портал за вести „База“, резервоар за дизел во близина на аеродромот во областа Адлер на Црното Море изгорел откако бил погоден од беспилотно летало камиказа.

Нема повредени, соопштија од регионалната управа. Пожарот, кој во еден момент се прошири на 100 квадратни метри, оттогаш е изгаснат.

Според владини извори, причините за експлозијата се уште се расчистуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот