Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | Последици од карантинот: Актерот Метју Меконахи стана јутјубер

Како и многу јавни личности, така и популарниот американски актер Метју Меконахи за време на пандемијата на коронавирусот решил да стане јутјубер, а првото Јутјуб видео го започна со својата позната фраза „Alright, Alright, Alright“ и најави дека од сега редовно ќе објавува нови содржини на својот канал.

Актерот го снимил видеото во својот дом, а до сега тоа е прегледано повеќе од 200,000 пати.

„Ова е местото на кое ќе ви откривам кој сум, но и кој не сум. Ќе зборувам за тоа во што верувам, а во што не, што правам, а што не… Освен тоа, ќе зборувам и за различните пристапи и верувања во животот кои ги открив во последните неколку години“, изјави актерот.

Тој додаде дека на каналот ќе додава и интересна и хумористична содржина, совети за тоа како да го живеете животот, како и сите мудрости кои актерот ги открил за повеќе од 50 години од неговиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот