Фото: ЈП „Лајка“, принтскрин

ВИДЕО | Посилен од 20 удари со метална шипка – кучето кое беше истепано од вработен во „Момин Поток“ е во подобра состојба

По два дена неизвесност, утрово знаци на подобрување покажа Феликс, кучето кое крвнички беше истепано од вработен во „Момин Поток“. Од ЈП „Лајка“ велат дека и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс, денеска се гали и се радува на човечки допир.

-Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа. Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме. Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење. Важно е дека е свесен и респонзивен! – велат од претпријатието.

Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ вчера објави вознемирувачко видео на кое се гледа како еден вработен брутално тепа куче.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Вработен во фирма во „Момин Поток“ крвнички тепа куче

– Страотен облик на суровост и изживување врз мирно бездомно животно во фирма во Момин Поток – куче над 20 пати зверски удирано по глава од вработен! Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано со дебело дрво, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или се спаси; случај кој ќе останеше невиден доколку не беше евидентиран на камерите за видео надзор – велат од Анима Мунди.

Од Здружението за заштита на животни, Анима Мунди велат дека државата мора да ја препознава и најстрого да ја казнува суровоста кон животните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот