фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

ВИДЕО | Поен на годината – 41 удар и мајсторија на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос во Париз, Франција.

Иако го загуби првиот сет, по пресврт Ѓоковиќ триумфираше против третиот носител на турнирот Александер Зверев од Германија.

Ѓоковиќ и на 39 години блеска на големата сцена, така беше и на мечот против Зверев.

Двајцата тенисери веројатно го одиграа и најдобриот поен досега во 2025 година, а сигурно на Ролан Гарос.

Во шестиот гем од четвртиот сет, на брејк топка за Зверев, видовме 41 разменет удар, на крајот Ѓоковиќ го освои поенот откако испрати форхенд дијаголана во небранетиот дел на теренот за овации од трибините.

На вториот видео запис можете да погледнете уште една мајсторија на Ѓоковиќ при водство од 4:1 во вториот сет, уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот